Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови проблеми пред изборите за четврти мандат, откако Фудбалската федерација на Нов Зеланд одлучи да ја повлече својата поддршка.
Нов Зеланд исто така ги прекина односите со Фудбалската конфедерација на Океанија (ОФЦ), а Фудбалската федерација на Нов Зеланд (НЗФ) побара независна ревизија на процедурите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise Scheme“ (FFE).
„Фудбалсата федерација на Нов Зеланд (НЗФ) исто така бара независна проверка на чекорите преземени за развој на проектот ‘FIFA Forward Enterprise Scheme’ (FFE)“, се наведува во соопштението.
Од сојузот објаснија дека дошле до овој став по детално разгледување на ситуацијата.
„По внимателно разгледување, НЗФ зазеде став дека одлуките и постапките во рамките на ФИФА придонеле за нарушување на довербата и зголемена поделеност во меѓународниот фудбал, како и дека е потребна независна проверка за да се врати довербата.“
Инфантино претходно ја загуби поддршката од УЕФА, АФЦ и КОНКАКАФ, откако наиде на противење на планот за продажба на 20 отсто од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Од друга страна, КАФ и КОНМЕБОЛ застанаа зад актуелниот претседател на ФИФА и ја поддржаа неговата намера да се кандидира за уште еден мандат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
