Белгиската фудбалска федерација (РБФА) објави дека нема да ја поддржи кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА, наведувајќи ги како причини „недостатокот на транспарентност“ и пропустите во управувањето со оваа глобална организација.
Со тоа, Белгија им се придружи на другите европски федерации, како оние на Шведска, Шкотска и Италија кои исто така ја повлекоа својата поддршка за Џани Инфантино.
„Во согласност со ставот на УЕФА, РБФА очекува јасни одговори за процесот на одлучување поврзан со напуштениот план на италијанско-швајцарскиот функционер за префрлање на приходите од Светското првенство на компанија отворена за приватни инвеститори. Во своето соопштение, белгиската федерација исто така бара целосна транспарентност и јасни објаснувања во врска со црвениот картон доделен на американскиот играч Фоларин Балогун за време на Светското првенство во САД“, соопшти РБФА.
Инфантино во неделата потврди дека во март 2027 година ќе се кандидира за нов мандат на чело на ФИФА, функција што ја извршува од 2016 година. Тој во моментов е единствениот кандидат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
