Уште една награда за крај: Специјално признание за Мукаетов и РФМ во Љубљана (ФОТО)

ЕКИПА во Љубљана,

Стеван Цаневски

Со свеченото затворање во Љубљана вечерва и официјално заврши Европското првенство во ракомет за жени што во изминатите петнаесет дена се одржуваше во Македонија, Црна Гора и во Словенија.

Првиот човек на РФМ на самиот почеток на вечерашната церемонија во арената „Стожице“ доби уште една награда – специјално признание за организацијата на ЕВРО 2022 што Мукаетов го прими заедно со Бобинац и Каписода, претседателите на ракометните федерации на Словенија и на Црна Гора.

Исто така, Живко Мукаетов беше дел од церемонијата на доделување на сребрените медали на ракометарките на Данска, заедно со првиот потпретседател на ЕХФ, Предраг Бошковиќ.

Се вчитува...