Уште една неверојатна партија на „волшебникот“ Лука Дончиќ, неочекуван пораз на ЛА Лејкерс… (ВИДЕО)

Далас славеше на гостински терен против Сакраменто со 123-127 во уште една надреална партија на волшебникот Лука Дончиќ.

Словенецот за 34 минути на паркетот запиша уште еден „трипл-дабл“ од 25 поени, 17 асистенции и 15 скока носејќи го својот тим до нова победа. Го следеа Сет Кари со 21 поен и Тим Хардавеј со 17 поени. За Сакраменто недеволни беа Д’Арон Фокс со 27 поени, како и Бади Хилд со 25 постигнати поени.

 

Тобиас Харис блескаше со 34 поени и 10 скока во победата на Филаделфија против Бруклин, додека изненадување приреди Орландо кој со 119-118 го совлада ЛА Лејкерс во „Стејплс центарот“.

Орландо до победата го водеше оспоруваниот прв пик од драфтот, Маркел Фулц со „трипл-дабл“ од 21 поен, 11 скока и 10 асистенции. Леброн Џејмс од друга страна постигна 19 поени, дополнети и со 19 асистенции.

Детроит победи на гости против Бостон со 103-116, Мајами славеше против Сан Антонио со 106-100, а Чикаго го победи Вашингтон со 115-106. Торонто славеше на гостински терен против Оклахома со 121-130, додека Индијана беше подобра на гостувањето против Минесота со 99-104.

Се вчитува...