Уште една победа во низа, Севилја останува во трката за освојување на Ла Лига

Севилја ја оправда фаворитската улога против Осасуна, па со 0-2 обезбедија нова победа за плус три поени и пробив на третото место во Ла Лига.

Фудбалерите на Севилја фуриозно го започнаа натпреварот уште од првата минута, целосната доминација и контролата над топката беа најава за победничката решителност на тимот од Андалузија. Клучен момент за фудбалерите на Осасуна беше 19. минута, кога по центаршут од аголот, Карлос Диего успеа со глава да биде прецизен и да донесе водство за своите соиграчи, па со 0-1 Севилја замина на полувреме.

На почетокот од вториот дел, фудбалерите на Севилја ја потврдија својата победа. Лук де Јонг во 49. минута успеа да постигне гол и да ја зголеми предноста за конечни 0-2.

Севилја со оваа победа сега  е пред Барселона, на 3. место останувајќи во борбата за титула во Ла Лига. Атлетико Мадрид и понатаму е прв на табелата, но предноста во однос на второпласираниот Реал, сега изнесува само три бода, додека Севилја е на минус седум.

Се вчитува...