Панатинаикос претрпе пораз во полуфиналето од Суперкупот на Грција од ПАОК, но уште поголем проблем за Жељко Обрадовиќ претставува повредата на Хуанчо Хернангомез.
Шпанецот се пожали на болка во мускулите, лекарите го прегледаа и препорачаа тој да не се врати на теренот до крајот на натпреварот
Трофејниот стратег од стартот на сезонава не може да смета на Слукас, Нан, Хејс-Дејвис и на Гал, а со отсуството на Хернангомез тој сега остана без цела петорка, која би доминирала против речиси сите евролигашки екипи.
Повредата на Хуанчо не делува премногу сериозно, но шпанскиот крилен центар речиси сигурно ќе ја пропушти пеколната недела во која ПАО го очекуваат две средби во Евролигата, најпрвин против Париз, а потоа и со Макаби, двете на домашен терен во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
