Уште една рана елиминација на Силекс од ЛК, пеналите не донесоа среќа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Силекс е елиминиран од настапите во Лигата на Конференции по првото коло. И покрај тоа што со победа се врати од гостувањето кај Динамо Минск, загуби на реваншот, а потоа беше елиминиран на пенали.

Разочарувањето меѓу кратовци е огромно, имаа златна шанса да го минат првото коло, дојдоа до првиот триумф на гостински терен во Европа во историјата, но на крајот мораа да се помират со елиминација.

Мечот мина во жестока борба, цели 120 минути се трчаше, кратовци може да го решат патникот во регуларниот дел, но не ја искористија шансата преку Велиновски, а потоа во пенал серијата промаши Тимовски во шестата серија за збогување од Европа.

Се вчитува...