Уште една Русинка остана без олимписките медали од Пекинг

Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК) на руската атлетичарка Татјана Лебедева и ги одзеде двата сребрени медали освоени на ОИ 2008 во Пекинг.

Според известувањето од ИОК, со повторените допинг тестови на примероците од Пекинг, утврдено е дека Русинката била позитивна на анаболичкиот стероид „туринабол“ поради што и се одземени олимписките медали во трискок и во скок во далечина.

На Лебедева и остануваат медалите од ОИ 2004 во Атина кога освои „злато“ во скок во далечина, како и „бронза“ во трискок и „среброто“ во трискок од ОИ 2000 во Сиднеј.

ИОК и го одзеде и златниот медал на штафетата на Јамајка 4х100 метри, откако со повторените тестирања беше утврдено дека Неста Картер користел  недозволени супстанци. Па покрај него без олимпиското злато и светски рекорд останаа и другите членови на штафетата на Јамајка – Усаин Болт, Мајк Фрејтер и Асафа Пауел.

Се вчитува...