Уште една сензација на Ролан Гарос: Синер елиминиран по пет и пол часа игра!

Германскиот тенисер Даниел Алтмајер приреди уште еден шок на Ролан Гарос елиминирајќи го деветтиот носител, Италијанецот Јаник Синер.

Во второто коло Алтмајер (кој е 79-ти тенисер во светот) славеше по пет и пол часа игра со 3-2 во сетови, 6-7, 7-6, 1-6, 7-6 и 7-5, елиминирајќи го најдобриот италијански тенисер.

Натпреварот траеше дури пет часа и 28 минути. Германецот во следното коло ќе се соочи со Григор Димитров.

Пласман во 3. коло обезбеди ии Бразилецот Сејбот Вајлд кој на стартот го елиминираше Русинот Медведев, а понатаму продолжува и третиот носител Норвежанецот Руд.

Се вчитува...