Поранешниот НБА кошаркар Џејсон Колинс, кој прв призна дека е геј, почина на 47-годишна возраст, само шест месеци откако објави дека се бори со тумор на мозокот.
Колинс во декември минатата година за ЕСПН откри дека му е дијагностицирана една од најагресивните форми на рак.
Неговото семејство уште во септември објави дека тој има здравствени проблеми, за потоа самиот да проговори за целата ситуација.
Колинс во својата кариера играше за Њу Џерси Нетс, Мемфис Гризлис, Минесота Тимвервулвс, Атланта, Бостон, Вашингтон, а ја заврши кариерата во 2014 година во Бруклин. Тој беше одбран на драфтот во 2001 година од Хјустон Рокетс како 18-ти пик.
Ова е уште една трагедија која се случува во НБА играчите, после вчерашната смрт Брендон Клерк, играчот на Мемфис Гризслис кој почина на 29-годишна возраст од неразјаснети околности.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
