Уште едно големо признание за Лука Дончиќ

Реноминираното спортско списание „Спортс илустрејтед“ ќе му додели награда на Лука Дончиќ за кошаркар со најголем напредок во текот на годината.

„Наградата ја добиваат спортисти кои постигнале значаен напредок во текот на годината, а оваа годината тоа го направи ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ“, стои во соопштението на списанието. 

Минатите години наградата ја добиваа Алвин Камара (НФЛ), Џоел Ембид (НБА) и Франциско Линдон (МЛБ). Наградата на Дончиќ ќе му биде доделена во понеделник на гала-вечер во Њујорк.

Се вчитува...