Поранешната втора тенисерка во светот, Паола Бадоса го откажа настапот на Ролан Гарос по повредата што ја заработи на турнирот во Рим минатата недела.
Минатата година беше втора светска тенисерка, а сега падна на 29. место на ВТА листата бидејќи од почетокот на сезоната се бори со повреди. Во Рим таа беше елиминирана во четвртфиналето.
„Токму кога се изгледаше како порано, на само неколку дена пред почетокот на Ролан Гарос, добив лоши вести. Доживеав повреда на рбетот во Рим. Ова е нова лоша вест по тешкиот почеток на сезоната и бројните повреди кои ме измачуваа и нешто што ќе ме оддалечи од терените неколку недели“, објави Бадоса.
Бадоса не можеше да игра ниту на Австралија опен откако се повреди непосредно пред првиот гранд-слем сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА