Фудбалската федерација на Македонија ги зголемува своите претставници во комисиите на УЕФА што претставаува уште една позитивна потврда за работата на федерација, и дополнително интегрирање на нејзините членови во меѓународните фудбалски институции.
Долгогодишниот член на ФФМ, Стојче Атанасовски е нов делегат на УЕФА, кој ќе ја извршува оваа улога веќе на наредните меѓународни натпревари на европската фудбалска сцена.
Со назначувањето на Атанасовски, кој во ФФМ е од 2009 година а во моментов е шеф на кабинетот на претседателот Масар Омерагиќ, за делегат на УЕФА, Македонија сега има пет делегати. Покрај него се уште Филип Поповски, Александра Пејковска, Жарко Игњатовски и Дрилон Ганиу.
ФФМ е застапен и со тројца контролори за судење во УЕФА. Тоа се Александар Ставрев, Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски, како и тројца главни судии Игор Стојчевски, Влатко Илиоски и сега како нов член Стојанче Трпчевски кој веќе дебитираше на европската сцена.
Роберт Марковиќ е одговорен во УЕФА за безбедноста на меѓународните натпревари во Европа, најдобриот македонски женски фудбалски судија Ива Пројковска со знакот на ФИФА заедно со Ирена Велевачковска и Тамара Цветановиќ, како и футсал УЕФА судиите Доне Ристевски, Дејан Младеновски и првиот женски футсал судија Моника Даштевска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
