Уште ништо не е готово: Баерн не се предава, почнати преговорите за иднината на Левандовски

Претседателот на Баерн Минхен, Хајнер потврди дека во тек се интензивни преговори со Роберт Левандовски.

Во последно време се појавија повеќе шпекулации дека Левандовски е на пат да го напушти Баерн Минхен, тој се поврзуваше со Барселона. Германецот за „Билд“ истакна дека Баерн Минхен сака да го задржи и во моментов се водат преговори со него за нов договор.

„Почнаа преговорите со Левандовски, а закажан е и втор состанок. Разговорите ќе продолжат“, рече претседателот на клубот, Хајнер.

Тој не прецизираше како се одвиваат тие, дали се поголеми шансите полскиот напаѓач да остане или да замине, но рече дека добро се одвиваат разговорите со Милер и Нојер.

„Работите изгледаат многу добро со Милер и Нојер, разговорите се во напредна фаза“.

Се вчитува...