Уште три места за ЕВРО: Кој ќе оди во Германија?

Вечерва на програмата се последните квалификациски натпревари за ЕП, по што конечно ќе бидат познати сите 24 учесници на завршниот турнир во Германија, на два и пол месеци пред неговиот почеток.

Велшаните на домашен терен во Кардиф ќе се обидат да се пласираат на третото по ред Европско првенство. Убедливо и лесно ја совладаа Финска во полуфиналето, па гиа дели само еден натпревар до нов подвиг. Од друга страна, Полска не блескаше во квалификациите, сепак, благодарение на Роберт Левандовски, во полуфиналето ја прегазија слабата Естонија и резервираа пат во Кардиф.

По голем пресврт, Украинците ја минаа Босна и Херцеговина и победија во полуфиналето на плеј-офот на стадионот во Зеница. Блада игра без многу прилики беше доволна за земјата од Источна Европа да направи пресврт за само три минути. Исланд направи изненадување и го исфрли фаворизираниот Израел на многу убедлив начин. Херој на тимот што играше на ЕП 2016 беше Алберт Гудмундсон кој постигна три гола за победа од 4-1.

Уште еден натпревар кој ќе биде многу интересен ќе биде на самиот исток од Европа, натпреварот меѓу Грузија и Грција. Грузиската репрезентација го искористи домашниот терен во полуфиналето од плеј-офот и релативно лесно дојде до победа над Луксембург, додека Грците го „демонтираа“ Казахстан.

Се вчитува...