Кристијано Роналдо е познат како човек кој не штеди кога се во прашање часовници. Ѕвездата на Јувентус е сопственик на голем број часовници, а неговиот „Хаблот МП-09“ е вреден дури 855.000 евра.
Сепак, по цената на часовниците успеа да го надмине Рафаел Надал кој се појави со нов часовник вреден неверојатни 891.000 евра. Се работи за часовникот „Ричард Мајл“ кој е произведен во само 50 примероци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА