Успешно одржан карате-семинарот и интернационален куп „Неа Флогита 2022“ (ФОТО)

Oд 13. до 18. јуни во Неа Флогита, Грција, Македонската федерација во традиционално карате успешно го одржа традиционалниот карате семинар и куп „Неа Флогита 2022“.

Семинарот го водеа д-р Венцислав Недев (9 дан), д-р Дејан Недев (6 дан) и д-р Аљоша Недев (6 дан), а на крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате куп „Неа Флогита 2022“.

Победници на меѓународниот куп Неа Флогита 2022 се:
– Марта Димковска – 1 место во ката и џиу ипон кумите за деца 12-13 год.
– Камелија Недев – 1 место во кати и кихон кумите за деца 10-11 год.
– Филип Недев – 1 место во кати и кихон кумите за деца 8-9 год.
– Георги Кокорманов – 1 место во кати и кихон кумите за деца 6-7 год.
– Ана Шаневска-1 место во кати и кихон кумите за деца 6-7год.

Резултати од испитот за појаси:
за црн појас 2 ДАН успешно положија: Камелија Недев и Матеј Мангаровски,
за црн појас 1 ДАН успешно положија: Изабела Пренковска, Филип Недев, Софија Јарчевска, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски и Ива Димковска,
за 2 КЈУ втор кафејав појас положи Дамјан Раевски,
за 3 КЈУ прв кафејав појас полжија: Масимо Меле, Марко Илиевски, Ана Шаневска,
за 4 КЈУ втор син појас положи Максим Поп Трпев,
за 5 КЈУ прв син појас положи Георги Кокорманов,
за 7 КЈУ портокалов појас положи Ирина Крстевска.

Се вчитува...