Успешно враќање дома: Барселона го „реши“ Билбао на новиот „Ноу Камп“ (ВИДЕО)

Барселона после долго време се врати на својот „Ноу Камп“ и тоа победнички. Денеска пред околу 45.000 навивачи колку што дозволува капацитетот, го совлада тимот на Атлетик Билбао со 4-0.

Роберт Левандовски уште во 4. минута успеа да донесе водство. Полјакот искористи грешка на одбраната и на голманот Симон, постигнувајќи го првиот гол на реновираниот Ноу Камп.

Во третата минута од судиското надополнување Феран Торес на додавање на Ламин Јамал зголеми на 2-0. Фермин Лопез во 48. минута зголеми на 3-0, а победата на Барса беше обезбедена по црвениот картон на Сансет во 54. минута од средбата, по што Барселона имаше играч повеќе на теренот и таа предност ја круниса и со четврти гол преку Феран Торес во првата минута од судиското надополнување.

Се вчитува...