Утре е национален ден на ракометот во Македонија: Целодневна фешта и на крај пласман на Мундијал!

Ракометна фешта ќе има утре во Скопје. Сите патишта водат кон салата „Борис Трајковски“, каде Македонија ќе слави пласман на ново Светско првенство. Избраниците на Кирил Лазаров го играат реваншот против Словачка, и се чини ќе немаат проблеми да го минат баражот, со оглед дека носат седум голови позитива од првиот меч во Прешов.

Шоуто ќе трае речиси цел ден. Фештата започнува од 14:00 часот пред салата Борис Трајковски. Ќе има забава, игри, подароци и ракомет за сите генерации.

Кулминација е реваншот Македонија – Словачка, каде се очекува полна сала, која ќе слави пласман на уште еден Мундијал во 2027 година во Германија.

 

 

Се вчитува...