Второ коло во новата година од прволигашката конкуренција и ново одложување поради позитивни случаи на Ковид-19, овој пат во редовите на Феникс 2010. Имено, натпреварот од 14. коло помеѓу новајлијата и лидерот на табелата Пелистер кој требаше да се одигра на 30. јануари е одложен за 3. март.
Едномесечното одложување доаѓа поради настапите на Пелистер на „балонот“ во АБА2 лигата од 06 до 11 февруари, по што следи средба со Еуро Никел на домашната сцена пред настапот во Купот на Македонија кој ќе биде комплетиран на крајот на месецот.
Како потсетување ова е втора одложена средба по онаа помеѓу Еуро Никел и ТФТ кој требаше да се одигра претходниот викенд, а ќе биде одиграна на 03. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА