УЖАС… Нова смрт на фудбалските терени: Почина фудбалер на Марсонија

Нова смрт на фудбалските терени во светот. На мечот од Третата хрватска лига меѓу Марсонија и Славонија во Славонски број домашниот фудбалер Бруно Бобан почина на сред натпревар.

„Се се случи во седмата минута, кога само се сруши на тревата. Лекарите се обидоа да го реанимираат, но немаше помош. Сите сме во шок, целата соблекувална плаче. Лекарите рекоа потоа дека му пукнала срцевата аорта“ – вели соиграчот на Бруно, Хрвоје Мишиќ.

25-годишниот Бобан пред да се сруши на терен со топка бил погоден во градите но судијата не ја прекинал играта. Не долго по тоа младиот фудбалер паднал на тревата. Повеќе од 40 минути се одвиваше вистинска драма на теренот во обидот да го спасат лекарските екипи. Но, за жал не можеа да се изборат за неговиот живот.

Се вчитува...