Огромна трагедија во српската кошарка. Младата кошаркарка на КК Мега, Инес Стојановиќ, почина на 17-годишна возраст.
Тажната и трагична вест ја објави Мега, која се збогуваше со својата кошаркарка.
„Со голема тага се простуваме од нашата сакана Инес, која нè напушти прерано. Таа засекогаш ќе остане дел од нашиот колектив и нашите спомени. Им упатуваме искрено сочувство на семејството и пријателите. Почивај во мир“, напишаa од Мега.
Инес Стојановиќ важеше за една од најперспективните млади кошаркарки во Србија, а нејзината ненадејна смрт ги остави во неверица нејзините соиграчки, тренери и сите што ја познаваа преку спортот.
Бројни збогувања и пораки за поддршка на семејството ги преплавија социјалните мрежи во текот на целиот ден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
