Ужасна вест од Италија: На 38 години почина поранешна светка вицешампионка во скијање

Ужасна вест пристигнува од Италија, каде на 38-годишна возраст животот го загуби поранешната светска вицешампионка во скијање, Елена Фалкини.

Таа подолго време водеше борба со тумор на мозокот, поради што мораше да ја прекине кариерата во 2017 година. Една година подоцна состојбата и се подобри, таа дури и почна повторно да тренира, но никогаш не успеа да се врати во формата со која стигна до сребрениот медал на СП во 2005 година.

Состојбата на Фалкини во последните два месеци сериозно се влоши, за во текот на вчерашниот ден таа да ја загуби и најважната битка. Од Италијанката се збогуваше и најдобрата скијачка на денешницата, Микаела Шифрин.

 „Ова беше емотивен ден. Тешко ми е да ја споделам со сите вас смртта на Елена Фанкини. Испраќам најискрено сочувство до семејството Фанкини, Елена имаше извонредно влијание врз развојот на нашиот спорт, секогаш блескаше со страст и со добрина“, објави Шифрин.

Се вчитува...