Ужасни сцени во Србија: Насилници упаднале на тренинг на ракометарки …

Невидено насилство се случило во Алексинац, Србија, на тренингот на женскиот ракометен клуб од овој град. Четворица насилници, на околу 20 години, упаднале на вечерниот тренинг на ракометарките и го нападнале претседателот на клубот, Ненад Џуриќ.

Според информациите од полицијата, Џуриќ бил претепан и прободен со нож во стомак по што итно е пренесен во болница. Сето тоа се случувало пред очите на младите ракометарки.

Џуриќ е надвор од животна опасност, но има добиено сериозни повреди на градниот кош и стомакот. Напаѓачите, кои во моментов се уште се во бегство, веќе и се познати на полицијата.

Како една од причините за овој напад е неговата изјава на локалните медиуми дека градот ништо не прави за да се справи со добро познатите насилници кои ги малтретираа децата по Алексинац, повикувајќи ја полицијата да расчисти со таквите деликвенти еднаш засекогаш.

Се вчитува...