Ужасни вести за светскиот првак Аргентина пред Мундијалот

Допатува Аргентина во САД, Мексико и Канада да го одбрани светскиот трон кој го качи на претходниот Мундијал во Катар. Аргентинците ќе немаат лесна задача, затоа што има многу силни слеекции кои го посакуваат пехарот во своите раце.

Нивната задача дополнително ја отежнува ужасната вест непосредно пред стартот на Светското првенство. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони нема да може да смета на централниот дефанзивец Леонардо Балерди.

Балерди се повреди на тренинг, и во секој момент треба да се врати дома и нема да биде на располагање на Аргентинците. Според информациите, ќе мора да паузира околу 1 месец, со што сонот за настап на Мундијалот за него е завршен.

Се вчитува...