Ужасните пожари веројатно нема да го одложат Австралија Опен

Катастрофалните пожари што со месеци владеат во Австралија веројатно нема да придонесат за одложување на Австралија Опен велат организаторите на првиот годинашен тениски Грен-слем. Иако имаше малку дожд, ситацијата со пожарите кои досега одзедоа 24 животи и натаму е критична. Турнирот треба да почне на 14. јануари. Проблем е и тоа што воздухот во Мелбурн дојде до точка „многу нездрав“, но од организацијата на турнирот велат дека ќе бидат преземени дополнителни мерки за да може да се одржи натпреварувањето.

„Прогнозите се добри. Не очекуваме пролонгирање на почетокот. Имплементиравме дополнителни мерки и Австралија опен ќе почне како што е предивдено. Секогаш во предвид првенствено ги имаме здравјето и безбедноста на играчите и на публиката. Метеоролошки и експерти за квалитет на воздухот ќе бидат присутни постојано и ќе ги анализираат податоците и ќе прават проценки за тоа дали воздухот на „Мелбурн Парк“ е на задоволително ниво“ – вели директорот на турнирот, Крег Тили.

Видливоста во Мелбурн во моментов е еден километар во некои делови од градот и во неговата околина. Нивото на загаденост на воздухот достигна 213 во понеделникот. Организаторите потенцираат дека ќе ги користат трите големи терени на кои има покриви како и осумте затворени игралишта.

 

 

Се вчитува...