Навивачите на Црвена Звезда и полицијата се судрија непосредно пред почетокот на финалето на Купот на Србија. На стадионот во Лозница, Црвена Звезда и Војводина се среќаваат во финалето на Купот.
Српските медиуми известуваат дека пред почетокот на натпреварот, избувнала тепачка во делот од трибината каде што се наоѓале навивачите на Звезда.
Дополнителните информации од Србија велат дека била загрозена безбедноста и на дечиња на стадионот во Лозница. Беше фрлен и солзавец, па тоа донесе дополнителни проблеми и за здравјето на најмладите кои се наоѓаат на стадионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
