ВАБА: Убедливи порази на Бадел и Баскет кам

Македонските претставници во женската јадранска кошаркарска лига (ВАБА), Бадел и Баскет Кам забележаа тешки порази на денешните натпревари. Баделки беа поразени на гостувањето кај Пожега со 94-63.

Уште од самиот старт домаќинот ја покажа разликата во квалитет и во ниту еден момент не му дозволи шанса на македонскиот вицешампион да се врати во натпреварот.

Од друга страна Баскет кам немаше сили за изненадување против големиот фаворит Будуќност од кого загуби на домашен терен со 61-87.

Се вчитува...