ВАДА: Продолжуваме со тестирањата и покрај пандемијата

Светската антидопинг агенција (ВАДА) објави дека нејзините контролори мораат да продолжат со тестирањата на спортистите ширум светот без разлика на тоа што во тек е пандемијата од коронавирусот, бидејќи ова е олимписка година. Истотака, од ВАДА стигнаа и нови насоки за сигурно земање на примероци. Посебно е нагласено дека лицата кои земаат примероци од спортистите не смеат да имаат никакви симптоми на Ковид-19.

„Ако вработениот во ВАДА е заразен од Ковид-19, веднаш за тоа мора да ги информира спортистите со кои бил во контакт, а исто важи и доколку некој од спортистите е заболен. Во текот на спроведувањето на контрола задолжително е да се носи заштита. Во местата во кои пандемијата има земено голем замав, антидопинг агенцијата мора да се фокусира на спортистите кои се натпреваруваат во најразлични спортови и дисциплина. Во земјите во кои тестирање веќе не е можно, националните организации мора да соработуваат со ВАДА се додека ситуацијата не се врати во нормала“, стои во соопштението од ВАДА. 

Од организацијата сметаат дека и покрај тоа што пандемијата е во ек, спортистите мора да бидат контролирани во било кое време.

Се вчитува...