Вагнер Гоншалвеш е нов фудбалер на Шкендија

Фудбалскиот прволигаш Шкендија го ангажираше Бразилецот, Вагнер Гоншалвеш за ново засилување. 26-годишниот Бразилец потпиша двегодишен договор со тетовскиот клуб.

Вагнер Гоншалвеш беше дел од Днипро од Украина, додека од март до јуни годинава настапуваше како позајмен за тимот на Дила Гори од Грузија.

„Возбуден сум што сум во Тетово и ќе играм за Шкендија. Како што слушнав, Шкендија создаде многу квалитетен тим и мило ми е што сум дел од овој тим. Шкендија има многу квалитетни играчи и игра брз фудбал и мислам дека тоа најмногу ми одговара. Јас сум играч кој секогаш го дава најдоброто од себе и верувам дека со помош на моите соиграчи ќе постигнеме успех со кој навивачите ќе бидат задоволни“, изјави Вагнер Гонсалвес.

Се вчитува...