Вajлдер го прифати предизвикот од Џошуа, нова голема боксерска борба во најава

Донте Вајлдер го прифаќа предизвикот од Ентони Џошуа и може да се очекува наскоро двајцата боксерски шампиони да се соочат во рингот.

Мојата баба ми рече – ако немам нешто паметно да кажам тогаш подобро да молчам. Џошуа, ја прифаќам борбата. Паркер главата горе, ти беше ограбен во Кардиф“ – ова е пораката што ја испрати боксерскиот шампион по ВБЦ верзијата, Донте Вајлдер, набрзо по дуелот меѓу Ентони Џошуа и Џозеф Паркер.

Во борбата во Кардиф, Џошуа го победи Паркер, ги одбрани ИБФ, ИБО и ВБА титулите и го зеде ВБО ременот на Паркер. За да биде апсолутен шампион, му недостасува само титулата по ВБЦ, а неа ја држи Американецот Вајлдер.

„Вајлдер, ајде драги. Одиме! Донесете ми го во ринг, ќе го нокаутирам“ – изјави Џошуа по победата над Паркер со едногласна судиска одлука.

Се вчитува...