Вајлдер и Фјури – се е само шоу: Пред борбата „смртни непријатели“, по борбата „браќа“! (ФОТО)

Тајсон Фјури ја бакнуваше раката на Деонтај Вајлдер по мечот за ВБЦ титулата во тешка категорија. Истата онаа рака која Вајлдер ја брцна во окото на Фјури два дена пред мечот. Па, по којзнае кој пат уште еднаш само се покажува дека сето ова шоу е само едно – шоу!

„Секоја чест Вајлдер. Ти си еден одличен борец. Но, не само тоа. Вистински шампион и голем човек“ – му рече Фјури на својот противник по синоќешниот меч, од кого на ден пред мечот доби прст во око.

А, една вечер пред борбата редарите едвај ги одвојуваа двајцата. Ако се вратиме и малку порано, дури три прес-конференции беа одложувани поради нетрпеливост и „краток фитиљ“ меѓу Фјури и Вајлдер.

Како и да е, за светот на боксот понудија супер меч. ВБЦ појасот остана кај Вајлдер откако со судиска одлука борбата заврши без победник.

Се вчитува...