Вајлдер: По два нокдауна, мораше јас да бидам победник

Деонтај Вајлдер го одбрани ВБЦ појасот во тешка категорија по мечот без победник против Тајсон Фјури. Вајлдер смета дека морал да биде победник по оние два нокдауни кои ги сервираше за Фјури.

„Влегов поспоро во мечот, брзав со ударите, бев неодлучен. Потоа со сила непотребно форсирав удари, не успевав никако да се прилагодам место да бидам трпелив и да чекам шанса. Сакав што побрзо да го нокаутирам и да им овозможам на навивачите да го видат тоа за што дошле“ – рече Вајлдер и дополни:

„Двајцата дадовме се од себе, се што можевме да дадеме. На крајот тоа е и најважно. Ние сме најдобри на светот и мора да кажам дека силно се почитуваме меѓу себе. Воопшто не чувствував притисок Бидете сигурни ќе го победам во следната наша борба. Реванш? Да, сакам тоа да биде моја следна борба. Не ми е важно каде ќе биде таа. Кога во рингот имаш два одлични боксери тогаш мечот е одличен. Го докажавме тоа оваа ноќ“.

Се вчитува...