Ваков резултат не се памети: Шпанија ја замрзна Бугарија на „минус 115“

Неверојатен резултат пристигнува од европското првенство за кошаркарки до 16 години, каде Шпанија ја декласираше Бугарија со неверојатни 115 поени разлика.

„Црвената фурија“ одигра историски меч во кој го наполни до врв кошот на противничките, славејќи со конечни 128-113. Бугарките постигнаа само по три поени во првата и во втората четвртина (35-3 и 37-3), најефикасни беа во третиот период со пет поени (29-5), а во последните десет минути нашиот источен сосед постигна само два поени (25-2).

Бугарија ги заврши мечот со дури 48 загубени топки и пет погодени шутеви од поле (5/42). На спротивната страна, Шпанија имаше 40 асистенции, со 56 скокови, 35 украдени топки и 10 блокади.

Се вчитува...