Ваква глума не сте виделе: Оскарот оди кај … Данко Лазовиќ (видео)

Виктор Мозес минатиот викенд доби црвен картон во финалето од ФА Купот на Англија поради обид за глума, но што ли требаше да добие Данко Лазовиќ за своето шоу во унгарскиот шампионат на дуелот меѓу Хонвед и Видеотон.

Српскиот напаѓач по еден дуел не само што падна како покосен, туку и десетина секунди се превртуваше по теренот како да станува збор за тешка повреда.

Судијата имаше одличен преглед на ситуацијата и веднаш увиде дека станува збор за глума, но реши да не покаже картон, најверојатно жалејќи што кај себе немаше статуетка за „Оскар“ или за „Златна малина“ за да му ја додели на српскиот фудбалер/актер.

Се вчитува...