Неверојатен гол беше постигнат од страна на 32-годишниот Али Адамс во шкотската Чемпионшип-дивизија на мечот меѓу Арброт и Реит што заврши без победник (2-2).
Самиот гол од триесетина метри е фантастично достигнување само по себе, но она што го прави погодокот специјален е фактот дека Али Адамс всушност е голман, кој со неверојатен сплет на околности влезе како играч на овој натпревар.
Имено, Арброт се мачи со повреди во последните неколку седмици, па овој тим настапи со само четири резервни фудбалери на денешниот дуел. Кога беа извршени три замени, а потоа се повреди и Арон Стил, тренерот немаше друг избор освен да го уфрли Адамс, па резервниот голман зеде дрес на играч од поле и втрча на теренот.
Никој не можеше ни да претпостави што ќе се случи, откако Адамс доби една топка на триесетина метри од противничкиот гол и со неверојатен проектил го матираше противничкиот чувар на мрежата.
Погледнете ја оваа мајсторија, по која Адамс би можел и во иднина да добие шанса во поле, кога веќе е само резервна опција на голманската позиција во Арброт.
Arbroath put their sub goalkeeper on upfront and he did this 🤣🤣🤣
— Sunday League Footy (@SundayChants) December 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА