Ваљадолид ја порази Барселона и направи голем чекор кон опстанокот (ВИДЕО)

Ваљадолид издвојува победа над Барселона во важен натпревар за нив за опстанокот, и во сосема неважен за „каталонците“ кои изминатиот викенд ја добија титулата најдобри во Шпанија за оваа сезона. Така победата на домашниот тим воопшто не беше изненадување, и покрај фактот што „Каталонците“ настапија со речиси стандарниот тим.

Ваљадолид брзо, за 22 минути стигна до водство од 2-0, откако Кристенсен си постигна автогол, а потоа Ларин од пенал успеа да го зголеми резултатот.

Во вториот дел Плата донесе 3-0, а во 84. минута Левандовски само успеа да го намали резултатот.

Се вчитува...