Валенсија доведува НБА засилување

Евролигашот Валенсија поради големиот број проблеми со повреди кои се соочува на крилните позиции тргнува по НБА потпис.

Шпанскиот тим во своите редови сака да го доведе поранешниот НБА кошаркар Џастин Андерсон. Поради повреда надвор од тимот се Семи Оџелеј и Виктор Клавер, а исто така и Чаби Лопез Аростеги поради ситна повреда на стартот на сезоната се уште не може да се врати во натпреварувачки ритам, па оваа позиција во тимот е тенка.

Андерсон сезонава е член на Бреоган, а во минатото беше дел и од НБА лигата каде настапуваше за Далас, Филаделфија, Атланта, Бруклин, Кливленд и Индијана.

Се вчитува...