Чави Алберт е новиот тренер на кошаркарскиот тим Валенсија. Со него беше потпишан двегодишен договор и тој ќе го наследи Педро Мартинез во овој шпански клуб.
38-годишниот тренер го наследи Мартинез откако работеше како негов асистент во претходните три сезони.
Клубот се одлучи за континуитет по историската сезона во која Валенсија играше во Фајналфорот на Евролигата и ја освои шампионската титула во АЦБ.
Алберт не е непознат во оваа улога. Во текот на последните 11 натпревари од сезоната 2023/24, тој беше привремен главен тренер по отпуштањето на Алекс Мумбру, и ја предводеше Валенсија до место меѓу четирите најдобри екипи во регуларниот дел од првенството.
Роден во Валенсија, Алберт пораснал низ младинскиот систем на клубот со години, а работел и во јуниорските селекции на шпанската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
