Валенсија го сака Сандро на позајмица во јануари

Шпанскиот прволигаш Валенсија, кој има одлична сезона во Ла Лига, сака да го засили својот тим во јануари за да ја продолжи трката за шампионската титула со Барселона и со Реал Мадрид. Тренерот Марселино посакува да го засили навалниот ред со најмалку уште еден квалитетен фудбалер. Решението го гледа во шпанскиот интернационалец Сандро, кој е член на англискиот премиерлигаш Евертон.

Поранешниот напаѓач на Барселона и на Малага замина на Островот и потпиша договор до 2021 година со Евертон, но таму не успеа да се докаже. Валенсија посакува да го врати во Ла Лига како позајмен фудбалер, со опција и за понатамошно откупување на неговиот договор.

Се вчитува...