Валенсија избра нов тренер

Валенсија веднаш по завршувањето на овој шампионат во Ла Лига го реши тренерското прашање за наредната сезона, постигнувајќи договор за ангажман на Хозе Бордалас за нов шеф на стручниот штаб.

Станува збор за стратег кој во последните години со успех го водеше Хетафе, па мадридскиот прволигаш не сакаше да се откаже од неговиот ангажман. Валенсија не ја плати клаузулата од 1,5 милиони евра, но „лилјаците“ се согласија да испратат двајца помлади фудбалери на позајмица во Хетафе, по што добија зелено светло за да потпишат договор со Бордалас.

Валенсија во голем дел од изминатата сезона ја водеше Хави Грасија, кој доби отказ по серијата слаби резултати. Како привремено решение помогна Воро Гонзалез, кој работи во младинскиот тим, но даде значаен придонес во битката за опстанок.

Се вчитува...