Валенсија не запира, го држи чекорот пред Реал Мадрид

Валенсија ја продолжува серијата одлични игри во Примера дивизион откако „лилјаците“ попладнево славеа на гостувањето против Алавес (1-2) за своја шеста победа во низа. Со тоа, Валенсија го задржува чекорот пред Реал Мадрид, па сега овој тим има 24 бода, четири повеќе од „кралевите“ кои утре го играат својот меч против Џирона.

Симоне Заза ја потврди извонредната форма постигнувајќи прекрасен погодок за водство од 0-1, Алавес израмни на самиот почеток од второто полувреме, за конечните 1-2 од пенал да ги постави Родриго.

Валенсија игра извонредно на стартот од сезонава, во последните шест кола постигна 23 гола и освои максимални 18 бода, па интересно ќе биде да се види до кога „лилјаците“ ќе можат да го издржат овој фантастичен ритам што го наметнаа.

Се вчитува...