Валенсија поразена во Мадрид, Столе и Рајо се враќаат на победите (ВИДЕО)

Рајо Валјекано се враќа на победите по кризата во Ла Лига. Овојпат на домашен терен во Мадрид беше совладана Валенсија со 2-1.

Натпреварот го отвори Иси Палазон уште во 5. минута, успевајќи да донесе рано водство од 1-0. До крајот на полувремето Рајо имаше уште неколку сериозни шанси кои не успеа да ги реализира, додека тимот на Џенаро Гатузо остана без шут во рамките на голот на Столе Димитриевски.

Во вториот дел домаќините брзо ја зголемија предноста на 2-0, откако во тоа им помогна Нико со автогол во 52. минута.

Во последните минути од натпреварот Столе Димитриевски имаше лоша проценка по еден удар од корнер знаменцето, гостите намалија на еден гол разлика, но времето беше кратко за било каков пресврт. Рајо ја обезбеди победата за плус три бода на своето конто во Ла Лига.

 

 

Се вчитува...