Валенсија само до бод во Билбао

Валенсија ремизираше (1-1) на гостувањето кај Атлетик Билбао и не успеа да го искористи поразот на Реал Мадрид за да врати на третото место на табелата во Ла Лига. „Лилјаците“ сега имаат 51 бод и се четвртопласирани, со еден бод заостанување зад „кралскиот клуб“.

Кондогбија во 23.минута донесе предност за Валенсија, а Адуриз во 36.минута не искористи удар од белата точка за да донесе израмнување. Сепак, тоа му успеа на Оскар де Маркос на самиот старт од вториот дел.

Севилја славеше на гости против Малага со 0-1, додека Хетафе на домашен терен ја совлада Ла Коруња со убедливи 3-0.

Се вчитува...