Валенсија жестоко го казни сопствениот навивач расист

Натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид за жал не го одбележа добар фудбал туку расистичките навреди кон Винисиус Џуниор на „Местаља“. Поради истите на натпреварот владееше голема тензија која ескалираше со физичка пресметка на крајот.

Скандалозното однесување и понтаму е топ тема во јавноста во Шпанија, а околку целиот случај се огласи и Валенсија. Шпанскиот клуб со помош на полицијата успеа да го идентификува расистот и веќе му изрече казна од доживотна забрана за посета на натпреварите.

Според шпанските медиуми иста казна му се подготвува и на уште еден навивач кој се истакна со примитивизам, но клубот се уште не се оглалси официјално.

Се вчитува...