Валентајн на „Сан сиро“ – „Ти си моја единствена љубов, никогаш нема да те предадам“ (ФОТО)

Фудбалерите на Милан имаат водство од 1-0 на домашен терен против Тотенхем во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Навивачите на „росонерите“ ја освоија светската јавност со кореографијата која ја подготвија пред почетокот на мечот во чест на денешниот празник на љубовта свети Валентајн.

„Ти си моја единствена љубов, никогаш нема да те предадам“, напишаа тифозите на „Сан сиро“. 

 

Се вчитува...