Валентин Кочоски е ново засилување на македонскиот фудбалски второлигаш ГФК Охрид.
29-годишниот офанзивен играч за врска зад себе има богато искуство на македонската прволигашка сцена, со над 180 настапи во Првата македонска фудбалска лига, настапувајќи за екипите на Академија Пандев ,Шкупи, Струга Трим Лум, Пелистер, Воска Спорт и Силекс.
Во својата кариера има постигнато и значителен број голови и асистенции, а беше дел и од шампионската генерација на Струга Трим Лум.
Кочоски е поранешен младински репрезентативец на Македонија и фудбалер кој со своето искуство, квалитет и професионален однос ќе претставува големо засилување за нашиот тим во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
