Валентино Роси е лузер на годината

Седумкратниот Мото ГП шампион, Валентино Роси со насмевка ја прими наградата “не победив на ниту една трка во 2018“ која му ја додели италијанската телевизиска сатирична програма „Striscia la Notizia“. Роси признава дека имал тешка сезона.

Жал ми е, не успеав да победам ниту еднаш во 2018. Ова беше лоша сезона“ – изјави Роси, кој и покрај се заврши на третата позиција во вкупниот пласман на крајот од сезоната во „кралската класа“.

„Golden Tapiro“ е статуетка што популарната сатирична програма им ја дoделува на славни личности и политичари кои биле понижени во годината што изминала.

Се вчитува...