Валентино Роси уплашен од брзината на „Хонда“

Возачот на Јамаха, Валентино Роси изјави дека е загрижен поради формата во која се наоѓаат ривалите од тимот на Хонда на последните трки. На трката од Мото ГП шампионатот за ГН на САД, Марк Маркез на Хонда и го донесе вториот триумф по ред.

Маркез ја продолжи својата доминација и на трката во Остин, каде ја забележа шестата победа по ред на оваа патека. Две недели пред тоа, првата победа на Хонда сезонава и ја обезбеди Кал Крачлоу. Во супериорноста на моторите на Хонда, сезонава успеа да се замеша само Андреа Довициозо. Возачот на Дукати победи на отворањетон на шампионатот во Катар.

Загрижувачки е за нас затоа што тие се многу добри, а посебно затоа што моторот на Хонда е исклучително добар речиси во секакви услови. Но, сега имавме два мотоир на првите четири места на патеката која обично, не и одговара на Јамаха. Сега е важно да видиме каков ќе биде односот на силите на Херес бидејќи минатата година на патеките во Европа имавме големи проблеми. Се надевам дека годинава ќе бидеме поконкурентни на патеките какви што се Херес и Каталуња“ – истакнува Валентино Роси

Годинашниот Мото ГП шампионат со трката за ГН на Шпанија на 6 мај.

Се вчитува...