Валјадолид на македонски погон до прва првенсвена победа во 2023 година

Македонскиот двоец Дарко Димитриевски и Димитар Димитриовски му ја донесоа првата победа на шпанскиот Валјадолид во 2023 година откако денеска на домашен терен славеше со 33-32 против Троелевага.

Својата најдобра партија во овој клуб ја одигра Дарко Димитриевски кој беше стрелец на 11 гола од 14 обиди, седум од овие погодоци беа од пенал. Димитар беше стрелец на четири гола од исто толку обиди, сите од игра.

Ваљадолид немаше првенствена победа од ноември минатата сезона, а седумте порази го донесоа во зоната на испаѓање, на 14 место од 16 екипи. Позиција што носи бараж за опстанок, само три бода пред екипите што директно испаѓаат. Со оваа победа се израмнија на 13. место со екипата на Морацо Канга.

Се вчитува...